Линкови за пристапност

Туберкулозата - стара болест со ново лице


Групата Лекари без граници предупредува дека туберкулозата отпорна на лекови станува глобална закана.

Лекари без граници објавија предупредување за криза, наречено Ново лице на стара болест. Групата повикува на итна акција за да се реши проблемот.

Д-р Филип Ду Кро е советник за туберкулоза.

„Досегашното искуство ни покажува дека MDR-TB, видот туберкулоза отпорен на неколку видови лекови, постои во се` поголем број држави и во многу од нашите програми“, вели д-р Ду Кро.

Годишно се јавуваат околу 500.000 нови случаи на оваа болест. Стандардните лекови против туберкулоза не делуваат против новите форми на болеста. Терапијата може да трае и до две години. Пациентот може да земе 10.000 таблети или да прима инекции и до осум месеци, а на крајот сето тоа да не функционира.

„Сметам дека главната причина е што изминативе неколку години не се обрна големо внимание во инвестирањето за сузбивање на овој проблем. Задоволни сме со старите одговори. Реалноста е што во моментов нема решение“, изјави д-р Ду Кро.

Тој додава дека бактеријата може да развие отпорност во случај кога пациентите нема во целост да ја завршат својата терапија и кога земјите немаат ригорозна контрола врз лековите што се нудат.

„Ова е глобален проблем, а меѓународната заедница треба да преземе одговорност за тоа. И не само оние како Светската здравствена организација, туку и владите и фармацевските компании и академии. Постојат бројни добри индивидуални иницијативи, но како глобална заедница, треба итно да ги здружиме силите и да разгледаме како побрзо да дојдеме до решение“, смета овој експерт.

Решението, вели тој, е многу пократок, поефикасен третман. Во моментов постојат само пет до осум видови на лекови што се користат за третман на туберкулозата отпорна на лекови. Последните најнови се всушност откриени последни 40 години.

„Иако ова е причина за оптимизам, се` уште не знаеме како да ги употребиме во нов режим и сега само ги додаваме на режими кои се токсични и тешки за пациентите “, вели овој Ду Кро.

Тој предупредува дека во отсуство на глобална инвестиција за справување со епидемијата, цената што на крајот ќе се плати станува повисока.

Од Лекари без граници велат дека со само еден на секои пет лица кои добоваат третман во моментов, оваа фатална болест е оставена да се шири неконтролирано.
XS
SM
MD
LG