Земјотрес од 7.4 степени и слаб цунами го погодија северноисточниот брег на Јапонија раноутринава, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.
Пацифичкиот центар за предупредување од цунами вели дека првиот бран бил 90 сантиметри, а час и половина по земјотресот, бил забалежан бран од 1.4 метри, доволно голем да предизвика поплави.
Јапонска телевизија ги покажа брановите, поплавувајќи реки во некои предели, а некои рибарски бродчиња биле превртени.
Извештаите за повредени и за предизвикани штети се минимални.