Линкови за пристапност

Најмалку 300 загинати во цунамито во Индонезија, бројката расте


Власите продолжуваат со истрагата, откако во саботата островите Јава и Суматра беа погодени од цунамито

Претседателот на Индонезија Јоко Видодо денес направи увид во штетите од цунамито, при кое загинаа најмалку 373 лица, над 1.016 беа повредени, додека стотици се` уште се водат за исчезнати.

Портпаролот на Националната агенција за справување со катастрофи вели дека бројот на мртви ќе продолжи да се зголемува.

„Цунамито се случи како резултат на подводно лизгање на земјиштето, по ерупција на вулканот Анак Кракату, и бранови предизвикани од полната месечина“, соопшти Метеоролошката агенција, иако Индонезиската геолошка агенција засега не го потврдува тоа.

Власите продолжуваат со истрагата по цунамито, кое во саботата ги погоди островите Јава и Суматра.

Над илјада жители остануваат евакуирани, додека повеќе од 600 домови, 69 хотели, 60 продавници и околу 420 бродови се уништени, заедно со коли и други возила.

Претседателот на САД Доналд Трамп, на неговиот Твитер профил напиша дека Америка е со Индонезија и се моли за нејзино заздравување по катастрофата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG