Линкови за пристапност

Oд цунами загинале над сто лица во западна Индонезија


Oд цунами загинале над сто лица во западна Индонезија
Oд цунами загинале над сто лица во западна Индонезија

Преживеаните велат дека брановите биле над три метри и ги поплавиле островите ноќта во понеделникот, опустошувајќи ги крајбрежните села.

Индонезиски официјални лица велат дека цунами предизвикани од понеделничкиот подводен земјотрес убиле повеќе од сто лица на синџир строви во западна Индонезија.

Главниот претставник на регионалниот парламент за островите Ментаваи за индонезиската телевизија во вторник кажа дека бројот на загинати од цунамите пораснал на 108, со 502 лица кои се` уште се водат за исчезнати.

Хендри Дори Сатоко кажа дека локалните власти биле во потрага по исчезнатите и се обидуваат да им помогнат на преживеаните, од кои многумина се трауматизирани. Меѓу исчезнатите е и група од 10 Австралијанци кои биле на туристички брод што изгубил контакт по цунамите.

Преживеаните велат дека брановите биле над три метри и ги поплавиле островите ноќта во понеделникот, опустошувајќи ги крајбрежните села. Јачината на земјотресот што ги предизвикал цунамите била 7,7 со епицентар од околу 80 километри западно од островот Јужен Пагаи. Властите велат дека островот бил најсилно погоден од брановите.

XS
SM
MD
LG