Линкови за пристапност

САД бараат смртна казна за бостонскиот бомбаш


Доколку биде осуден, Џохар Царнаев, еден од браќата кои изведоа бомбашки напад на Бостонскиот маратон минатата година, може да биде погубен

Американските обвинители ќе бараат смртна казна за осомничениот од минатогодишните напади на Бостонскиот маратон.

Главниот американски претставник на правосудството Ерик Холдер во четврток соопшти дека владата ќе бара егзекуција на 20-годишниот Џохар Царнаев ако биде обвинет. Царнаев е обвинет за детонирање на две рачно направени бомби на годишната трка минатиот април кои убија три лица и ранија повеќе од 260 други.

Федералната влада ретко бара смртна казна, и погубила само тројца убијци од 1988, кога заврши мораториумот на егзекуции. Холдер кажа дека „природата на постапувањето во случајот и последователната штета“ од бостонското бомбардирање го убедиле да бара егзекуција за Царнаев.

Обвинителите наведуваат дека Царнаев, тогаш на 19 години, и неговиот брат, 26-годишниот Тамерлан Царнаев, двајцата етнички Чеченци кои живееле во САД една деценија, изградиле и поставиле две бомби направени во експрес-лонци близу завршната линија на трката како одмазда против американската воена акција во муслиманските држави.

Не е познат датумот на почеток на судењето на Царнаев, но тој се соочува со 30 обвиненија, вклучувајќи употреба на оружје за масовно уништување.

Тамерлан Царнаев беше убиен во престрелка со полицијата неколку дена по бомбашките напади.
XS
SM
MD
LG