Линкови за пристапност

Кој ќе попушти? - Трамп не трепна на Божиќ


Претседателот цврсто на ставот дека владата ќе остане затворена ако нема пари за ѕидот

Делумното затварање на американската влада не се помести кон решение и на Божиќ. Претседателот Трамп потврди дека останува на својот став додека зборуваше со новинари откако ги повика трупите да им посака убав празник.

„Не можам да ви кажам кога владата ќе биде отворена. Можам да ви кажам дека нема да биде отворена додека не добиеме ѕид, ограда, или како сакате наречете го“, рече Трамп во Овалната канцеларија по видео конференција со американските трупи стационирани во странство.

Трамп тврдеше дека стотици илјади работници кои сега се дома заради затварањето исто така сакаат ѕид, и покрај тоа што нема емпириски докази во поддршка на тоа.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG