Линкови за пристапност

Трамп: Милиони луѓе гласаа нелегално


Избраниот претседател преку Твитер кажа дека ќе го освоел и мнозинството гласови ако немало злоупотреба на гласови

Избраниот претседател на САД Доналд Трамп бара пребројување на гласовите во неколку сојузни држави, дополнувајќи ги неговите непотврдени обвинувања за злоупотреба на гласови на изборите во ноември, на кои тој извојува победа.

Трамп на неговиот Твитер профил напиша дека „како дополнување на победата во Изборниот колеџ“, ќе ја победел демократката Хилари Клинтон и со мнозинство гласови на народот „ако ги избришете милионите луѓе кои гласаа нелегално“.

Четири часа подоцна, тој ги спомена резултатите во Вирџинија, Њу Хемпшир и во Калифорнија, каде што изгуби од Клинтон.

Трамп изминативе денови воедно ги крититкуваше напорите на кандидатката на Партијата на зелените Џил Стејн, на кои подоцна се приклучи и кампањата на Клинтон, заради повиците за пребројување на гласовите во Висконсин, каде тој победи со мала разлика.

Пред денот на изборите тој често изјавуваше дека процесот на гласање бил измамнички, но не обезбеди докази за да ги потврди тие тврдења.

Трамп треба да ја презеде функцијата во јануари, бидејќи ги доби мнозинството гласови во Изборниот колеџ, кој се користи за избор на претседатели во САД, и покрај тоа што заостанува со два милиона во вкупните гласови.

XS
SM
MD
LG