Линкови за пристапност

Мешани реакции по говорот на Трамп


Политичките противници оценуваат дека недостасуваат конкретни предлози во говорот на републиканскиот претседателски кандидат

Доналд Трамп ја прифати републиканската номинација за претседател на САД, и го оддржа најдолгиот говор досега, покривајќи различни прашања.

Зборуваше за заканите од Исламската држава, договорите за трговија на САД, кои ги нарече лоши, како и за зголемување на стапката на убиства во 50-те најголеми градови во Америка.

Независно од должината на неговиот говор, еден час и 15 минути, забележливо недостасуваа конкретни предлози, што веднаш го искористија неговите политички противници.

Берни Сандерс, поранешната демократска претседателска надеж, забележа дека некои од неговите прогресивни ставови, не биле опфатени во платформата.

Сандерс го искритикува бизнисот со облека на Трамп, во неколку твитови, повикувајќи го да ги пресели производството во САД со цел да ја „поправи“ трговијата, еден од неговите предлози што ги спомна, но не ги образложи.

„Поправи ја трговијата. Престани да произведуваш облека во Мексико, кравати во Кина, кошули во Бангладеш, за 30 центи за час“, рече Сандерс, и додаде:

„ Каков лицемер. Ако Трамп сака да ја поправи трговијата, може да почне тоа да го прави преку производство во САД, а не надвор“.

Бил Кристол, уредник на конзервативниот магазин „ Weekly Standard“ и непоколеблив противник на Трамп го искритикува, но, призна дека неговиот стил можеби е тоа што треба за да победи на изборите годинава.

Трамп и други говорници на конвенцијата, зборуваа за поголема поддршка на припадниците на ЛГБТ заедницата, и како да се заштитат од насилство.

Новата поддршка за ЛГБТ заедницата меѓу републиканците на конвенцијата, за некои од Републиканската партија се` уште може да се сфати дискриминирачка кон хомосексуалците.

Ари Флеишер, поранешен секретар на Белата куќа, во времето на Џорџ Буш рече:

„Одлично е да видите хомосексуалците да бидат добредојдени и да добијат отворен прием на конвенцијата“, напиша тој.

Андреа Бернштајн, уредник на радиостаница во Њујорк го нападна Трамп, оти оди против партиската платформа.

„Како вашиот претседател, ќе направм се` што е во моја моќ да ги заштитам припадниците на ЛГБТ заедницата од омраза“, напиша таа.

Во меѓувреме, демократскиот противник на Трамп Хилари Клинтон, забележа дека „ твојата партиска официјална платформа поддржува „ терапија за промена“.

„Ние сме подобри од ова“, напиша таа.

Спикерот на Претставничкиот дом Пол Рајан ја нагласи поддршката за Трамп, твитнувајќи „ ајде да победиме“.

XS
SM
MD
LG