Линкови за пристапност

Трамп ја потврди смртта на лидерот на ал-Каида во Јемен


Неговата смрт не` води чекор поблизу до елиминирање на овие групи кои претставуваат закана за нашата национална безбедност, рече претседателот

Претседателот на САД Доналд Трамп ја потврди смртта на лидерот на ал-Каида во Јемен, при американски напад со дрон.

Трамп рече дека при успешна антитерористичка операција бил убиен Касим ал-Рими, основач и лидер на ал-Каида на Арапскиот Полуостров, велејќи дека под негово лидерство било извршено насилство врз граѓаните во Јемен, а биле инспирирани и бројни напади против САД и амерканските војници.

„Неговата смрт не` води чекор поблизу до елиминирање на овие групи кои претставуваат закана за нашата национална безбедност“, рече Трамп.

Рими се приклучил на ал-Каида во 1990-те години, работејќи во Авганистан за Осама бин Ладен, а се поврзува во неколку заговори против Американци.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG