Линкови за пристапност

Трамп: Нема да преземеме мерки против Светската трговска организација


Американскиот претседател сепак предупреди дека тоа би се случило, доколку САД не добијат соодветен третман

Американскиот претседател Доналд Трамп, вели дека САД во моментов не планираат акција против Светската трговска организација, но предупреди на можна одмазда, ако државата не добие соодветен третман.

„Светската трговска организација ги третира САД многу лошо и се надевам дека ќе го промени тоа. Третманот беше лош многу години наназад и затоа бевме во неповолна положба“, изјави Трамп.

Во меѓувреме, владини претставници ги отфрлија извештаите дека Белата куќа подготвила нацрт-закон со кој, на претседателот би му се дозволило да ги утврди стапките за царини надвор од надлежноста на Светската трговска органзиација.

Предлог-законот, најверојатно, ќе се соочи со спротиставеност во Конгресот, вклучително и Републиканската партија, во чии редови веќе постои вознемиреност заради кампањата на Трамп на закани и царини за трговските партнери на САД, вклучувајќи ја најновата најава за 20% царини за увоз на автомобили од земји од Европската унија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG