Линкови за пристапност

Трамп со критика до сенаторите за коментарите за Шарлотсвил


Претседателот реагираше на извештаите во медиумите, и на изјавите на републиканскиот сенатор Линдзи Грем

Претседателот на САД Доналд Трамп ги критикуваше медиумите и републиканскиот сенатор Линдзи Грем, велејќи дека погрешно ги протолкувале неговите коментари, по смртоносниот собир во Шарлотсвил, Вирџинија.

Трамп во саботата првично го осуди насилството на сите страни, додека во понеделник ја потенцираше улогата на неонацистите, белите супремацисти и на организацијата Кју Клукс Клан.

Во вторникот, тој повторно осуди насилство на сите страни во Шарлотсвил, при кое загина 32-годишната Хедер Хаер, а 19-тина други беа повредени.

Ваквиот одговор предизвика критика и кај републиканците и кај демократите, како и кај бизнис лидерите и воените официјални лица

Грем, на неговиот Твитер профил, напиша дека зборовите на Трамп предизвикале „поделба меѓу Американците, не заздравување“.

Државниот секретар на САД Рекс Тилерсон изјави дека претседателот ја осудува „омразата и насилството“ во Шарлотсвил, додавајќи дека „едноставно за тоа нема место на јавни места“.

Главниот правобранител Џеф Сешнс, говорејќи на настан во Мајами, Флорида рече:

„На никој начин нема да прифатиме извинување за расизам, омраза и насилство, кои често се случуваат во нашата држава“.

И двајцата поранешни претседатели Буш, во заедничка изјава рекоа дека „Америка мора секогаш да отфрли расна нетолералнција, антисемитизам и други форми на омраза“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG