Линкови за пристапност

Трамп ги осуди двете страни за насилството во Шарлотсвил


Претседателот изјави дека му биле потребни сите факти, пред да даде конкретна изјава во саботата

Прес конференција на претседателот Доналд Трамп, наменета за инфраструктурата во државата, вчера се претвори во дебата за насилството во Шарлотсвил, Вирџинија.

Трамп повторно ги обвини двете страни за смртоносониот расистички собир викендов, при кој загина едно лице, а десетици други беа повредени.

Критичарите на Трамп велат дека првата изјава на претседателот била слаба и не ги осудила белите супремацисти, нагласувајќи го нивното име, туку, велат тие, ги повикал сите страни како одговорни за насилството.

Трамп изјави дека му биле потреби сите факти, пред да даде конкретна изјава.

„Првата изјава што ја дадов во саботата беше добра. Сакам да бидам коректен. Искрено, ако не беа лажните вести, медиумите ќе кажеа дека она што го кажав беше многу добро“, рече Трамп.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG