Линкови за пристапност

Криминалци и хулигани ги погазуваат американските вредности


Претседателот ги осуди белите супремацисти во Шарлотсвил

Претседателот Доналд Трамп ги осуди белите супремацисти за смртоносниот собир викендов во Шарлотсвил, Вирџинија, нарекувајќи дека нивниот „расизам е зло“.

Веднаш по насилството, Трамп ги нарече „криминалци и хулигани, кои ги погазуваат вредностите на Американците“.

Трамп рече дека секој што направил „расистичко насилство“ во Шарлотсвил ќе биде повикан на одговорност, и нагласи дека тоа што се случи било „невидена омраза, нетолеранција и насилство“.

Коментарите на Трамп беа мета на критика во медиумите и во политичкиот свет во Вашингтон.

„Уште еднаш сфатив дека медиумите, кои објавуваат лажни вести, никогаш нема да бидат задоволни. Навистина лоши луѓе“, напиша претседателот на неговиот Твитер профил.

Фотографиите од насилството во Шарлотсвил предизвикаа реакции и покренаа дебата во целиот свет

Портпаролот на британската премиерка Тереза Меј изјави дека осудува „расизам, омраза и насилство“, како и „крајна десница“.

И германската канцеларка Ангела Меркел исто така го осуди настанот, велејќи дека мора да се стави крај на „расистичкото, десничарско насилство“.

И Обединетите нации, како и бизнис лидерите, го осудија насилството во Шарлотсвил.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG