Линкови за пристапност

Трамп најави смени на неколку клучни соработници


Претседателот на САД Доналд Трамп вели дека функционирањето на Белата куќа „оди глатко“ иако тој најави дека ќе отпушти повеќе клучни соработници.

„Ќе направам промени во различни оддели“ изјави Трамп за конзервативната веб страница Daily Caller.

На само еден ден откако демократите ја презедоа контролата врз Претставничкиот дом, Трамп го отпушти јавниот правобранител Џеф Сешнс.

Трамп одамна го напаѓа Сешнс заради тоа што тој побара да биде изземен од надгледувањето за истрагата на специјалниот советник Роберт Мулер за можната соработка на кампањата Трамп и Русија пред изборите во 2016-та година и дали Трамп се обидел да ја попречи истрагата.

Подоцна Трамп го поддржа барањето на Меланија Трамп за отпуштање на заменик советничката за национална безбедност, Мира Рикардел заради недоразбирање со првата дама пред нејзината посета на Африка. Белата куќа соопшти дека Рикардел ќе биде прераспоредена на друга функција во администрацијата на Трамп.

Трамп во интервјуто за Daily Caller кажа дека делумните избори се половина пат од претседателскиот мандат „кога се прават промени“ и дека тој има многу опции.

Според извештаите на медиумите, Трамп размислува дали да ја разреши раководителката на Одделот за домашна безбедност, Кирстјен Нилсен која тој честопати ја критикува заради бројот на мигранти кои нелегално ја преминуваат јужната граница со Мексико.

Истовремено, се шпекулира дека Трамп би можел да го замени и шефот на кабинетот на Белата куќа, Џон Кели.

XS
SM
MD
LG