Линкови за пристапност

Трамп: Расизмот е зло


Претседателот Трамп со најнова осуда на насилството во Вирџинија
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:47 0:00

Американскиот претседател Доналд Трамп, во најновата реакција на насилството во Шарлотсвил, остро ги осуди настаните, велејќи дека е спроведена истрага и сторителите ќе одговараат пред правдата

Претседателот Доналд Трамп се врати во Вашингтон и се сретна со главниот правобранител Џеф Сешнс и директорот на ФБИ Кристофер Вреј. Во фокусот на разговорите биле настаните во Шарлотсвил, Вирџинија.

За време на брифинг за новинарите во Белата куќа, тој истакна дека „расизмот е зло“, и дека „оние кои предизвикуваат насилство во тоа име, се криминалци и насилници, вклучувајќи ги и „Кју Клукс Клан“ (ККК), нео-нацистите, белите надмоќници и други групи на омраза, кои се во конфликт на се` што ни` е драго како Американци“.

Според медиумските извештаи, неколкумина од највисоките советници на претседателот, вклучувајќи го и неговиот нов шеф на кабинет Џон Кели, извршиле притисок врз Трамп да даде поостар тон по коментарот во саботата, дека насилството во Шарлотсвил било иницирано од „многу страни“, што предизвика критика.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG