Линкови за пристапност

Трамп ја повика Западна Вирџинија да не гласа за тајкунот со јаглен


Во пресрет на утрешните сенатски избори, претседателот изјави дека Дон Бленкеншип не смее да ги добие изборите

Претседателот Доналд Трамп се вклучи во изборната битка за Сенатот во сојузната држава Западна Вирџинија, коментирајќи ја важноста од пораз на тајкунот со јаглен, кој помина една година во затвор, по експлозија во неговата компанија, при што загинаа 29 лица.

Во пресрет на утрешните избори, Трамп изјави дека извршниот директор на компанјата за јаглен Дон Бленкеншип не може да ги добие изборите.

„Нема шанси“, рече Трамп пред гласачите.

Зборувајќи за кого да го дадат нивниот глас, Трамп им порача на гласачите да се потсетат на загубата на републиканецот Рој Мур минатата година, во сенатската трка за Алабама.

Тој ги повика да гласаат или за конгресменот Еван Џенкинс, или за главниот правобранител на сојузната држава Патрик Морисеј.

По изјавата на Трамп, Бленкеншип ги опиша Џенкинс и Морисеј како „кандидати кои не успеале да ги адресираат епидемијата со опијати, прашањето за абортусот, и кои никогаш не отвориле работно место“.

„Претседателот е многу зафатен човек, и тој не ме познава. Естаблишментот му дава погрешни информации, бидејќи не ме сака во Сенатот на САД“, рече тој.

Морисеј, пак, истакана дека се надева оти гласачите ќе го послушаат Трамп на утрешните избори.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG