Линкови за пристапност

Трамп е категоричен за ѕидот, ако не се одобрат пари ќе се затвори владата


„Гласањето за демократ на изборите во ноември ќе биде глас за отворени граници и криминал“, рече Трамп во Мичиген

Американскиот претседател Доналд Трамп, се закани дека ќе ја затвори владата, ако Конгресот не одобри доволно финансиски средства за безбедноста на границите, вклучувајќи и пари за изградба на ѕид меѓу САД и Мексико.

Минатиот месец Трамп го потпиша буџетот од 1,3 трилиони долари што ќе ја одржи владата отворена до крајот на септември.

Говорејќи на митинг на кампања во саботата во гратчето Вашингтон во Мичиген, претседателот рече дека гласањето за буџетот на Конгресот ќе се појави повторно на 28-ми септември, но ако не се одобрат пари за ѕидот, тој нема да го потпише законот.

„Ѕидот ни` е потребен. Добивме 1,6 милијарди долари. Ќе излеземе повторно на 28-ми септември и ако не добиеме пари за граничната безбедност, нема да имаме избор. Ќе ја затвориме владата затоа што ни` треба граничната безбедност“.

Ветувањата за изградба на граничниот ѕид беше на платформата за претседателската кампања на Трамп.

Сепак, неговите републикански колеги веројатно нема да го поддржат ако се обиде да ја затвори владата пред делумните конгресни избори во ноември.

Но, Трамп пред неговите симпатизери во Мичиген, подвлече дека „гласањето за демократ на изборите во ноември, ќе биде глас за отворени граници и криминал. Отворените граници на Демократската партија не се само погрешни, туку тие се опасни и смртоносни“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG