Линкови за пристапност

Ако не беше ѕидот на јужната граница, ширењето на КОВИД-19 ќе беше полошо, рече Трамп


Претседателот додаде дека границата никогаш не била побезбедна

Претседателот на САД Доналд Трамп го пофали, како што рече, моќниот и голем ѕид на јужната граница, истакнувајќи го едно од неговите главни ветувања на изборите пред четири години.

По најавата за рестрикции на повеќе визи, Трамп го посети доградениот дел на ѕидот во Аризона.

„Ова е што тие сакаа, и ние тоа го направивме“, рече Трамп за новиот ѕид, одговарајќи на прашање на Гласот на Америка.

Претседателот додаде дека „нашата граница никогаш не била побезбедна. Ова е најмоќна структура на ѕид во светот“.

Трамп, исто така, нагласи дека ќе се среди стуацијата со ДАКА, откако Врховниот суд одлучи да не ја укине.

Официјални лица на Белата куќа велат дека претседателот планира повторно да ги испрати документите за укинување на програмата.

На прашањето што ќе им порача на корисниците на ДАКА, Трамп рече:

„Добри работи ќе се случат“.

Според него, ако не биле акциите на неговата администрација и изградбата на ѕидот, ширењето на КОВИД-19 ќе било многу полошо во САД.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG