Линкови за пристапност

Трамп го избра Мајк Пенс за потпретседателски кандидат


Гувернерот на Индијана е популарен меѓу социјалните конзервативци, клучни поддржувачи на Трамп

Најверојатниот републикански претседателски кандидат Доналд Трамп, стави крај на неколкунеделните шпекулации, со тоа што соопшти дека гувернерот на Индијана, Мајк Пејс е неговиот избор за потпретседател.

Трамп преку порака на Твитер, кажа: Задоволство ми е да соопштам дека го избрав гувернерот Мајк Пенс за потпретседател, најавувајќи прес-конференција за во сабота.

Конзервативниот гувернер е популарен меѓу социјалните конзервативци, клучни поддржувачи на Трамп.

Педесет и седум годишниот Пенс беше избран наспроти двајца други наводни финалисти, гувернерот од Њу Џерси, Крис Кристи и поранешниот спикер на Претставничкиот дом, Њут Гингрич.

Веста доаѓа три дена пред Републиканската национална конвенција, каде Трамп се очекува и официјално да биде номиниран за претседателски кандидат.

Од редовите на демократите, кандидатката Хилари Клинтон ја стеснува својата листа на потпретседателски кандидати и според медиумските извештаи, ќе го соопшти својот избор некое време по републиканската конвенција.

Неколку минути по веста за републиканскиот потпретседател, кампањата на Клинтон преку видео порака го критикуваше Пенс, велејќи дека тој и Трамп планираат да изградат „квалитетен, голем и убав ѕид меѓу Америка и напредокот“.

XS
SM
MD
LG