Линкови за пристапност

Без заклучок за изборни злоупотреби во корист на Клинтон


Претседателот на САД Доналд Трамп, формираше Комисија, со цел да истражи дека постојат изборни манипулации

Потпретседателот на владината Комисија за истрага на злоупотреби во ланските претседателски избори Крис Кобач, вели дека постои голема веројатност истрагата да заврши без какви било препораки.

Кобач, државен секретар на сојузната држава Канзас, зборуваше за работата на Комисијата, по состаноците во Манчестер, Њу Хемпшир.

„Комисијата собира податоци. Може да даде препораки, или во моментов сметам дека е голема веројатноста оти нема да има препораки“, рече Кобач, додавајќи дека Комисијата ќе им ги даде податоците на сојузните држави, и потоа тие треба да одлучат што ќе прават со нив.

Претседателот Доналд Трамп ја формираше Комисијата за поддршка на неговото тврдење, дека претседателската демократска кандидатка Хилари Клинтон, добила милиони гласови од луѓе, кои немале легално право да гласаат, не биле соодветно регистрирани или гласале повеќе пати.

Трамп досега нема објавено никакви докази да го поддржат тоа тврдење, но, очекува комисиската истрага да ја потврди неговата теорија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG