Белата куќа продолжува со плановите за редовното годишно телевизиско обраќање на претседателот Доналд Трамп до нацијата на 29 јануари. Но, не е јасно од каде ќе се обрати.
Спикерката на претставничкиот дом, Ненси Пелоси сугерираше претседателот да го одложи своето обраќање. Како причина таа наведе го наведе зголемениот безбедносен ризик поради делумното затворање на Владата.
Вообичаено неговото обраќање е од американскиот Капитол, пред двата дома на Конгресот. Веќе се бараат алтернативи за локацијата, а Капитолот и натаму останува како опција.
Неименуван претставник од администрацијата побарал да се разгледа планот за сесијата доколку обраќањето е од Капитолот.
Од претседателот на САД се бара еднаш годишно да има национално обраќање пред Конгресот. Но, не е обврзан тоа обраќање да биде и пред Претставничкиот дом и пред Сенатот во исто време.