Линкови за пристапност

Судија ја отфрли забраната на Трамп за работни визи


Тој, исто така, ги одби аргументите на администрацијата дека ограничувањата на програмата H-1B се последица на пандемијата

Федералниот судија Џефри Вајт блокираше две од регулативите на администрацијата на претседателот Доналд Трамп, со кои се ограничуваа работните визи.

Овие регулативи би ги принудиле компаниите да плаќаат повисоки плати на работниците со H-1B визи, додека, истовремено, ги ограничуваат специјалните професии за кои може да се побара таква виза.

Правилото за плата влезе во сила во октомври, додека ограничувањата на работните категории требаше да почне следната недела.

Судијата, исто така, ги отфрли аргументите на администрацијата дека ограничувањата на програмата H-1B се последица на пандемијата на коронавирус.

САД во моментов издаваат најмногу 85.000 H-1B визи секоја година, дозволувајќи привремено вработување на странски работници во одредени сектори, како технологија, инженерство и медицина.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG