Претседателот на САД Доналд Трамп најави вето на Законот за трошоци во одбраната, освен ако не вклучува елиминација на законската заштита на интернет компаниите од нивна обврска кон содржината објавена од корисниците.
Трамп на Твитер рече дека законот за интернет компаниите е „корпоративно добро“ и „сериозна закана за нашите национална безбедност и интегритет на изборите“.
Законодавците од Демократската и од Републиканската партија повикаа на промени на законското решение, во однос на заштитата, без да има потреба од целосно укинување.
Интернет асоцијацијата, која ги застапува кпоманиите како Гугл, Фејсбук, Твитер и Амазон, рече дека укнување на заштитата ќе допринесе во заканата кон националната безбедност.
„Законот ги охрабрува онлајн платформите да ги отстранат штетните и опасни содржини, вклучувајќи терористичка содржина и дезинформации“, изјавија оттаму.
Трамп и други конзервативции велат дека компаниите, како Фејсбук и Твитер, ја ограничуваат конзервативната содржина.
Facebook Forum