Линкови за пристапност

Претседателот Трамп се сретна со папата Францис


Претседателот Доналд Трамп и папата Францис денеска одржаa 30-минутна средба во Ватикан, ставајќи акцент на трите монотеистички вери.

Трамп по средбата за папата кажа дека е фантастичен човек. Минатата година тој и поглаварот на Римокатоличката црква разменија остра реторика за време на претседателската кампања, по ветувањето на Трамп дека ќе изгради ѕид долж границата со Мексико.

Папата Францис кажа дека секој кој мисли да гради ѕидови наместо мостови „не е христијанин“, коментар што Трамп го нарече „нечесен“.

Овојпат, Трамп и папата по срдечните разговори разменија и подароци. Подарокот на лидерот на САД биле книги од Мартин Лутер Кинг. Папата на Трамп меѓу другото му подарил медал од римски уметник, велејќи дека е маслинка, што е симбол за мир.

Американскиот претседател потоа имаше средби со италијанскиот претседател и премиер, по што отпатува за Брисел на Самитот на НАТО. Во петок и сабота според агендата ќе се врати во Италија за Самитот на Групата 7 најразвиени земји.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG