Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе воведе царини од 20 проценти на возилата направени во Европската унија, како одговор на европските царини за американски производи воведени денеска.
Трамп на Твитер напиша „..ако овие царини и бариери не се симнат наскоро, ние ќе воведеме царини од 20 проценти на нивните автомобили кои се продаваат овде во САД. Произведете ги тука!“
Пораката на Трамп дојде на еден ден откако директорот на Одделот за трговија, Вилбур Рос напиша дека неговиот Оддел до јули или август ќе заврши со истрагата за тоа дали увозот на автомобили и делови за автомобили е закана за националната безбедност.
Европската унија денес воведе царини за американски производи вредни милијарди долари, вклучувајќи фармерки, виски и мотоцикли.
Потегот е одмазда против одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да воведе царини за увоз на челик и алуминиум од целиот свет.
САД за две недели треба да започнат да ја спроведуваат одлуката за царинење на кинески производи вредни 30 милијарди долари.
Кина вети контра мерки потег кој може да ги стави двете најголеми светски економии во незавидна состојба.
Потпретседателот на Стопанската комора на САД, Џон Марфи проценува дека до крајот на јули, американски производи вредни околу 75 милијарди американски можат да бидат предмет на нови царини.
За време на неговата претседателска кампања, Трамп вети дека ќе воведе царини, затоа што држави од целиот свет ги искористуваат САД.
Пред да биде објавена одлуката за царини вредноста на акциите на европските берзи благо порасна.