Mалку се јавните показатели дека има напредок во решавањето на прашањето за буџетот на САД. Непостигнувањето на решение може да доведе до делумно затворање на федералните агенции во петок на полноќ.
Претседателот Трамп инсистира Конгресот да одобри пет милијарди долари за трошоци за ѕидот по должината на границата со Мексико. Во спротивно се закани со затворање на владата.
Демократите и некои републиканци се спротивставија на планот, при што демократските лидери понудија 1,3 милијарди долари со кои би се финансирало обезбедувањето на границата.
Трамп неодамна им порача на демократските лидери дека ќе биде среќен да ја преземе одговорноста за затворање на владата, наместо да се откаже по било која основа од прашањето за граничниот ѕид.
Со евентуално затворање на владата би биле засегнати 380.000 државни службеници.
Facebook Forum