После неколку недели граѓански немири во Америка, претседателот Доналд Трамп ветува дека неговата администрација агресивно ќе го следи економскиот развој во малцинските заедници и ќе се спротивстави на нееднаквоста во здравствoто во тие области.
Белата куќа, без да објави детали, соопшти дека ова е дел од планот со четири точки за „да се изгради безбедност, можности и достоинство“.
Говорејќи во четвртокот на настан во Далас, Тексас, претседателот рече дека како дел од планот ќе потпише извршна наредба во која се налага полицијата да ги исполни најактуелните професионални стандарди за употреба на сила.
Ние мора да работиме заедно за да се спротивставиме на предрасудите каде и да се појават“, рече Трамп. „Но, нема да постигнеме напредок и нема да ги излечиме раните со етикетирање на десетици милиони пристојни Американци како расисти“.
Трамп исто така ги отфрли критиките за неговите претходни забелешки за потребата од спроведување на законот да доминира на улиците и покрај немирите.
„Јас ќе се држам со тоа“, рече тој.
Забелешките на Трамп се однесуваа на протестите на улиците на Сиетл во државата Вашингтон. Претходно истиот ден, тој побара од градоначалникот на Сиетл и гувернерот на државата веднаш да си го вратат градот „од анархистите“ или „ако не го сторите тоа, јас ќе го сторам“.
[[ https://twitter.com/realDonaldTrump/status/1271142274416562176?s=20]]
Градоначалникот на Сиетл, Џени Дуркан, возврати со построг одговор во порака на Твитер на заканите на Трамп: „Оставете не сите безбедни. Вратете се во вашиот бункер “.
Чекорите поврзани со заедниците на Афроамериканците и полициските реформи што Трамп ги претстави во четвртокот во Далас, веројатно нема да ги смират оние што се разбеснети по смртта на афроамериканецот Џорџ Флојд.
Американскиот јавен обвинител Вилијам Бар беше меѓу оние на состанокот во четвртокот во црквата Гејтвеј. Тој рече дека глетката на полицаецот во Минеаполис, кој сега се соочува со обвинение за убиство од втор степен, држејќи го коленото на вратот на Флојд скоро 9 минути е „морничав спектакл“ кој ја вознемири земјата.
Бар изрази надеж дека нешто добро ќе излезе од лошото, но кога станува збор за барањата на некои демонстранти за демонтирање на американските институции за спроведување на законот, Бар одговори, „не треба да ги уништиме“.
Трамп исто така, во четвртокот рече дека не може да се дозволи дефундирање или демонтажа на полициските оддели.
Претседателот предвидува огромно економско закрепнување по катастрофалните месеци на прекинување на деловните активности и загубите на работните места заради пандемијата на коронавирусот. Непосредно пред Трамп да ги даде своите забелешки во Далас, американските берзи претрпеа голем пад.
Инвеститорите, според набудувачите на пазарот, биле загрижени од зголемувањето на бројот на случаи на коронавирус во држави кои ги олабавиле социјалните ограничувања, како и предупредувањето од претседателот на Федералните резерви Џером Пауел дека економијата се соочува со „долг пат до закрепнување“.
Претходно истиот ден, Трамп ја отфрли песимистичката прогноза на Пауел.
[[ https://twitter.com/realDonaldTrump/status/1271096748983955461?s=20]]
Facebook Forum