Линкови за пристапност

Трамп повикува на ред по насилните протести во Висконсин


Претседателот на САД, Доналд Трамп патува во вторник за Кеноша, Висконсин, каде протестите преминаа во насилство минатата недела, откако бел полицаец го застрела Афроамериканецот Џејкоб Блејк, седум пати одзади, додека полицајците се обидуваа да го уапсат.

Трамп пред новинарите во понеделникот изјави дека не планира да се сретне со семејството на Блејк, бидејќи тие сакаа да учествува адвокат.

Претседателот, исто така, одби да ги критикува постапките на Кајл Ритенхаус, бел тинејџер, обвинет дека смртно застрелал две лица и ранил трето лице за време на уличните демонстрации во Кеноша.

Ритенхаус, кој тврдеше дека неговата цел е да ги заштити деловните субјекти, се соочува со пет кривични пријави, вклучително и убиство од прв степен.

„Тие многу насилно го нападнаа“, рече Трамп пред новинарите за Ритенхаус. „Веројатно ќе беше убиен“ доколку не отвореше оган кон демонстрантите.


Гувернерот на Висконсин, Тони Еверс, го повика претседателот да ја прескокне посетата на Кеноша во вторник, велејќи дека присуството на Трамп „само ќе го попречи нашето заздравување. Јас сум загрижен дека вашето присуство само ќе ја одложи нашата работа да ги надминеме поделбите и заедно да напредуваме “.

Еверс им нареди на војниците на Националната гарда да влезат во Кеноша и прифи дополнителна федерална помош со цел смирување на нилството на улиците, откако Блејк бeше застрелан и делумно парализиран.

Пoсетата на Трамп на Висконсин доаѓа во време кога тој и поранешниот потпретседател Џо Бајден, негов противник на претседателските избори во ноември, се обвинуваат меѓу себе за безбедноста прикажувајќи го животот во Америка со другиот кандидат како небезбеден.

Бајден рече дека претседателот „не може да го запре насилството, бидејќи со години го поттикнуваше“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG