Линкови за пристапност

Рекс Тилерсон - номиниран на функцијата државен секретар


Тилерсон е извршен директор на „Ексон Мобил“, а Доналд Трамп истакна дека неговите познавања за тоа како да се предводи една глобална компанија, е клучно за успешно водење на Стејт департментот

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп го номинираше извршниот директор на „Ексон Мобил“, Рекс Тилерсон на функцијата државен секретар.

Тилерсон има блиски односи со рускиот претседател Владимир Путин, а во компанијата има минато 41 година.

Трамп истакна дека познавањата на Тилерсон за тоа како да се предводи една глобална компанија, е клучно за успешно водење на Стејт департментот. Тој додаде дека Тилерсон ќе „промовира регионална стабилност и да се фокусира на основните национални безбедносни интереси на САД“.

Во меѓувреме, потребната републиканска поддршка во Сенатот за Тилерсон се чини дека не е на стабие кревка.

Неговиот однос со Путин, претставува грижа, изјави неодамна сенаторот Џон Мекејн, претседавачот со Комисијата за воена служба.

Кремљ во понеделникот го пофали Тилерсон, нарекувајќи го „високо професионален“.

XS
SM
MD
LG