Доналд Трамп, фаворитот за добивање на претседателската номинација од редовите на Републиканската партија, за понеделник планира, како што го најави, „голем говор“, наместо да дебатира со другите двајца ривали.
Трамп требаше да учествува во дебатата на Фокс телевизијата во Солт лејк сити, сојузната држава Јута, заедно со сенаторот од Тексас, Тед Круз и гувернерот на Охајо, Џон Кејсик, но во средата изјави дека републиканците имале, цитираме, доволно дебати.
Кејсик кажа дека без Трамп на подиумот, и тој нема да учествува, по што Фокс го откажа целиот настан.
Дебатата што требаше да се одржи во понеделник, беше воочи прелиминарните избори во Јута и Аризона, сојузни држави кои комбинирано носат 98 делегати. По нив, следните партиски избори ќе се одржат во Висконсин заклучно со 19-ти април.
Демократите Хилари Клинтон и Берни Сандерс ќе се натпреваруваат во истите сојузни држави како и републиканците, но во вторник имаат кокуси во Ајдахо, на 26-ти март во Аљаска, Хаваите и Вашингтон, а на 9-ти април, во Вајоминг.