Линкови за пристапност

Трамп: Не сум расист


Претседателот на САД, Доналд Трамп во неделата негираше дека бил расист, три дена откако наводно изрекол навредливи коментари за имигрантите од Хаити, Ел Салвадор и Африка.

„Јас сум најмалку расистички настроена личност која некогаш ќе ја интервјуирате“ одговори Трамп на новинарско прашање во неговото одморалиште во Флорида.

Трамп изјави „дека е подготвен, има желба и е способен“ да постигне договор за заштита од депортација на околу 800 илјади млади имигранти кои нелегално биле донесени во САД од нивните родители. Но, тој додаде: „Искрено, јас не мислам дека демократите сакаат да склучат договор.“ Претходно истиот ден тој рече дека смета дека програмата „веројатно е мртва.“

Трамп тврди дека демократските законодавци „не сакаат безбедност на границата, тие не сакаат да се стави крај на дрогата, сакаат да ги пренасочат парите од нашата армија што ние не можеме да го дозволиме“. Во коментар од Твитер во понеделникот, Трамп рече: „Мојот стандард е многу едноставен, Америка прво и да ја направиме Америка повторно голема!“

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG