Претседателот на САД, Доналд Трамп, апелираше до Конгресот за брзо завршување на преговорите за пакетот заекономска помош од два трилиони американски долари за да им се помогне на американските работници и бизниси кои се сериозно погодени од смртоносниот коронавирус.
„Конгресот мора да го одобри договорот, денес“, напиша Трамп во порака на Твитер. „Колку подолго е потребно, толку потешко ќе биде да закрепне нашата економија. Нашите работници ќе бидат оштетени“
https://twitter.com/realDonaldTrump/status/1242432301885198337
Тој се пожали дека демократските законодавци се обидуваат да го надополнат пакетот со финансирање на проекти кои не се поврзани со закрепнувањето на земјата од пандемијата на коронавирус.
Facebook Forum