Белата куќа најави дека планира да воведе царини од 25 проценти за производи од Кина во вредност од 50 милијадри долари, кои содржат „индустриски значајна технологија“. Трговските преговори меѓу Кина и САД продолжуваат.
Белата куќа изјави дека предложените царини се одговор на кинеските практики за трансфер на технологија, интелектуална сопственост и иновација.
Конечната листа на увози ќе ја најави до 15-ти јуни, додека царините ќе бидат воведени кусо потоа.
Администрацијата на Трамп, ваквата најава ја нарече „Чекори за заштита на домашната технологија и интелектуална сопственост од кинеските дискриминаторски практики“.
Други мерки ќе вклучуваат имплементирање на поголеми инвестициски рестрикции, и зголемени контроли на извозот за кинеските граѓани и компании, со цел да се заштити националнта безбедност.
Предложените мерки ќе бидат најавени до 30-ти јуни, и воведени брзо потоа, јави Белата куќа.
Facebook Forum