Линкови за пристапност

Кина смета дека трговските разговори со САД се невозможни


Ќе се направи договор за интелектуална сопственост, што ќе значи одлична иднина за двете држави, рече претседателот Трамп

Во моментот нема услови за трговски разговори со САД, изјави денес Mинистерството за надворешни работи на Кина.

Коментарот на портпаролот Генг Шуанг, за време на брифингот со новинарите, дојде ден откако американскиот претседател Доналд Трамп рече дека ќе има решение за спорот околу тарифите од стотици милијарди долари, што двете најголеми светски економии се заканија дека ќе ги наметнат една на друга.

„Кина ќе ги намали трговските бариери, бидејќи тоа е вистинската работа што треба да ја направи“, рече Трамп, без да понуди какви било директни информации.

Тој додаде дека „даноците ќе станат реципрочни и ќе се направи договор за интелектуална сопственост. Одлична иднина за двете држави“.

Трамп рече дека тој и кинескиот претседател Ши Џинпинг „секогаш ќе бидат пријатели, без оглед на спорот во трговијата“.

Заканите од Вашингтон и Пекинг изминативе денови ги разбрануваа светските берзи.

Акциите на САД паднаа за повеќе од два отсто во петокот, откако Трамп се закани дека ќе воведе царини за дополнителни кинески производи во висина од околу 100 милијарди долари, и тоа за оние за кои веќе рече дека ќе бидат погодени.

Пекинг, пак, одговори дека и Кина ќе наметне тарифи за стока во САД „по секоја цена“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG