Претходно, во судот во Сан Диего, Калифонија, тие се обидоа да го поместат датумот за судско рочиште од 28-ми ноември, за наредната година, откако Трамп ќе положи заклетва на функцијата. Адвокатите на Трамп образложија дека во моментов тој се соочува со премногу интензивен период на транзиција, за да може да се фокусира за случајот.
Според тужбата, поднесена во 2010-та година, студентите на Универзитетот Трамп платиле до 35.000 долари, за да добијат, како што им било ветено, информации за стратегии во инвестирање во недвижнини. Тужителите велат дека биле измамени дека Доналд Трамп лично ќе ги избере инструкторите на програмата.
Окружниот судија Гонзало Кјуриел на адвокатите им кажа дека нема намера да го одложи рочиштето, но ќе ја обелодени одлуката наредната недела. Тој ги охрабри обете страни да постигнат спогодбено решение.
Трамп предизвика огромно негодување во јавноста, вклучувајќи и членови на неговата партија, кога пред шест месеци се посомнева во капацитетот на судијата Кјуриел дека ќе овозможи фер судење, затоа што е од мексиканско потекло. Доналд Трамп на неколкупати кажа дека ќе изгради ѕид на границата со Мексико, за да спречи илегален влез на Мексиканците во САД.
Кјуриел е Американец, родум од Индијана.