Поранешната амбасадорка на САД во Украина Мари Јованович, денес пред Претставничкиот дом, изјави дека претседателот на САД Доналд Трамп извршил притисок врз Стејт департментот таа да биде отстранета од функцијата, објави Вашингтон пост.
Трамп ја отповика Јованович од амбасадорското место во Украина минатиот мај, по тврдењата дека таа сакала да ги потцени неговите политики.
Во нејзиното подготвено сведочење, поранешната амбасадорка рече дека одлуката на нејзините претпоставени за повлекувањето била базирана на „неосновани и погрешни тврдења од луѓе со дискутабилни мотиви“.
Таа денес сведочеше зад затворени врати пред комитетите на Претставничкиот дом, кои ја водат истрагата за импичмент на Трамп.
Facebook Forum