ВАШИНГТОН —
Претседателот на САД Доналд Трамп денес разговарал со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за бројни билатерални прашања, вклучувајќи ја и трговијата, соопшти Белата куќа.
„Двајцата лидери разговараа за направениот прогрес во преговорите да се адресираат безбедносните ризици во северниот дел на Сирија, и за плановите на Турција да купи проектилен безбедносен систем. Претседателот Ердоган изрази сочувство и за нападот во синагогата во Сан Диего“, изјави Белата куќа за денешниот телефонски разговор меѓу двајцата претседатели.
Facebook Forum