Линкови за пристапност

Предизвиците на Трамп дома и надвор


Аналитичарите велат дека во најголем дел, поддржувачите на Трамп се се` уште со него

Претседателот на САД Доналд Трамп се наоѓа во турболентно време, соочувајќи се со клучните предизвици во надворешната политика кон Иран и Северна Кореја.

Во исто време, претседателот се соочува со предизвици и дома.

Вчера, шефот на Кабинет на Белата куќа Џон Кели, имаше невообичаено обраќање пред новинарите, со цел да ги демантира медиумските извештаи дека тој наводно е фрустиран од работата.

„Не сум отпуштен од работа, и не сум исфрустриран од работата за да размислувам да заминам“, рече Кели.

Трамп, пак, во говор во Пенсилванија, иако ги истакна даночните реформи, повторно се пожали дека нема доволно признание за она што го постигнал досега.

„Довербата во нашата држава се врати, како што не било случај многу години“, нагласи тој.

Претседателот го спомена неговиот добар живот претходно, но, потенцираше дека неговиот живот сега е уште подобар, помагајќи на многу луѓе.

Но, Трамп неделава негодуваше и поради преголемите критики од страна на сенаторот Боб Коркер, кој предупреди дека карактерот и реториката на Трамп можат да доведат до Трета светска војна.

И покрај овие предизвици, Трамп пред неговите поддржувачи во Пенсилванија рече:

„Конечно имате Влада која ќе ве штити, и која ќе се бори за вас и за вашата држава“.

Аналитичарите велат дека во најголем дел, поддржувачите на Трамп се се` уште со него.

„80 проценти од Републиканската партија силно го поддржува, и е малку веројатно дека ќе видиме многу републиканци да го напуштат Трамп и да го соочат со таков предизвик“, изјави Метју Далек, политиколог од Универзитетот Џорџ Вашингтон.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG