Линкови за пристапност

Трамп домаќин на Ципрас


Американскиот претседател и грчкиот премиер ќе разговараат за воени, економски и енергетски прашања

Американскиот претседател Доналд Трамп, во Белата куќа е домаќин на грчкиот премиер Алексис Ципрас, a во фокусот на разговорите се воената соработка, енергетската безбедност и инвестициите.

Во соопштението од Белата куќа издадено порано месецов се вели дека двајцата лидери ќе разговараат за „зајакнување на партнерството и заедничката заложба за трајните демократски вредности, кои се важни во обезбедувањето на мирот и просперитетот ширум светот“.

Средбите на Трамп со клучните сојузници доаѓа во време кога односите на САД со Турција заладија, што придонесува за поголема нестабилност во регионот.

Откако Ципрас ја презеде функцијата во 2015-та година, економијата во државата се стабилизира, а Турција стана понестабилна.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган продолжува со консолидацијата на моќта во државата, и покрај влошувањето на односите со Вашингтон.

По минатонеделното апсење на вработен во американскиот конзулат во Истанбул, администрацијата на Трамп го замрзна издавањето на неемигрантски визи во Турција.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG