Линкови за пристапност

Трамп и Ципрас ја потврдија блиската соработка


Американскиот претседател и грчкиот премиер во Белата куќа разговараа за воени, економски и енергетски прашања

Американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа беше домаќин на грчкиот премиер Алексис Ципрас на разговори за воената соработка, енергетската безбедност и инвестициите.

На заедничката прес конференција во Белата куќа, Трамп кажа:

„Имавме продуктивен разговор за соработката меѓу двете држави - вклучувајќи прашања од одбраната, енергетиката и трговијата. Сакам да му се заблагодарам на премиерот и грчкиот народ затоа што се љубезни домаќини на американските морнарички сили во Заливот суда. Исто така сакам да ја пофалам Грција затоа што е една од неколкуте НАТО - членки кои трошат два проценти од бруто домашниот производ на одбраната.“, изјави првиот човек на САД од градината на розите.

Грчкиот премиер Ципрас рече дека Грција е најважен столб на безбедноста во, според него, еден од најважните, но истовремено, нестабилен регион:

„Ние сме земја со мултидимензионална надворешна политика, која е верен партнер и сојузник на САД, која ги остварува обврските кон НАТО, и е во блиска соработка со секретарот за одбрана на САД. Држава која го одржува дијалогот со Турција, без разлика на тешкотиите со кои се соочуваме.“, заклучи грчкиот премиер.

Ципрас додаде дека Грција промовира соработка во безбедноста и економскиот раст на Блискиот исток, но и на Балканот.

Средбите на претседателот Трамп со клучните сојузници доаѓа во време кога односите на САД со Турција заладија, што придонесува за поголема нестабилност во регионот

Откако премиерот Ципрас ја презеде функцијата во Грција во 2015-та, економијата во државата се стабилизира.

Во меѓувреме, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган продолжува со консолидацијата на моќта во дршавата, и покрај влошувањето на односите со Вашингтон.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG