Линкови за пристапност

Трамп повикува на брза одлука на Врховниот суд околу забраната за патување


Претседателот Доналд Трамп преку Твитер повторно повика на забрана за патување за, како што ги нарече, „опасните земји“, критикувајќи ги како што кажа, „политички коректните“ напори за ублажување на неговата оригинална извршна наредба за блокада на влез на лица кои доаѓаат од главно муслимански земји.

Ова уследи по неговите Твитер пораки во понеделникот на истата тема, во кои го обвини Министерството за правда за „корегираната“ верзија на забраната што ја потпиша откако неговата оригинална наредба беше одбиена од пониски судови.

Првата извршна наредба забрануваше влез на луѓе од Ирак, Иран, Сирија, Либија, Јемен, Сомалија и Судан за 90 дена и на неодредено време, влез за бегалци од Сирија, со исклучоци на верски малцинства.

Неколку федерални судови ги повикаа властите да не ја спроведат забраната, велејќи дека се сведува на неуставна верска дискриминација против муслимани.

Администрацијата на Трамп инсистираше дека извршната наредба не е забрана замуслимани, а претседателот тврди дека наредбата е потребна за да се заштити националната безбедност.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG