Линкови за пристапност

Горсач: Критиката на судството е деморализирачка


Горсач, номиниран од претседателот Трамп за судика во Врховниот суд, ова го кажал по средбата со демократскиот сенатор Ричард Блументал.

Нил Горсач, кого претседателот Доналд Трамп го номинираше за судија во Врховниот суд, острата критика на претседателот за судството, ја нарече „деморализирачка“ и „обесхрабрувачки“.

Горсач ова го кажал по средбата со демократскиот сенатор Ричард Блументал кој ги пренел коментарите на судијата.

Претседателот Трамп потоа преку Твитер го постави прашањето за интегритетот на сенаторот Блументал.

Од Горсач беше побарано да реагира на твитер-пораката на претседателот во која окружниот судија Џејмс Робарт, го нарекува „таканаречен судија“. Робарт нареди привремен прекин на извршната наредба на Трамп за забрана за влез на лица од седум земји со главно муслиманско население.

Претседателот Трамп на американскиот народ му порача дека ако „нешто се случи“, алудирајќи на терористички напад, да го обвини Робарт и судскиот систем.

XS
SM
MD
LG