Според истражување на јавното мислење од Politico и Morning Consult, повеќето американски гласачи ја одобруваат забраната за патување на претседателот Доналд Трамп која се однесува на граѓаните од шест мнозинско муслимански земји.
Со забраната за патување се стопира издавањето на нови визи за граѓаните на Иран, Либија, Сомалија, Судан, Сирија и Јемен за 90 дена и се прекинува програмата за преселување на бегалци за 120 дена.
Анкетата покажа дека 60 отсто од гласачите ја поддржуваат забраната, додека само 28 отсто се против.
Повеќето републикански гласачи, или 84 отсто, ја поддржуваат забраната, додека само 9 отсто - се против.
Забраната исто така е популарна кај независните гласачи. Педесет и шест проценти ја поддржуваат, во споредба со 30 проценти кои се противат.
Само 40 отсто од демократските гласачи ја одобруваат забраната, додека 46 отсто се против.
Во анкетата не се споменува името на претседателот ниту неговите извршни наредби за имиграцијата. Ова е различно од другите анкети, од кои најголем дел беа против забраната.
Анкетата на Associated Press-NORC Centre спроведена минатиот месец покажа дека скоро 60 отсто од Американците ги поддржуваат неколкуте судски одлуки кои се однесуваа на блокирање на забраната за патување.
Facebook Forum