Линкови за пристапност

Врховниот суд дозволи забраната за патување да остане во сила


Ваквата одлука ќе важи додека правната борба продолжува во пониските судови

Врховниот суд на САД одлучи последната забрана за патување на претседателот Доналд Трамп да остане во сила, додека правната борба продолжува во пониските судови.

Забраната за патување, која е трета по ред, опфаќа патници од осум земји - Чад, Иран, Либија, Северна Кореја, Сомалија, Сирија, Венецуела и Јемен. Шест од нив се муслимански земји.

Судиите од пониските судови во Мериленд и Хаваи ја блокираа забраната за патување, и не дозволуваат таа да биде спроведена.

Портпаролот на Советот за Американско-исламски односи рече дека „активностите на Врховниот суд денес се добар потсетник дека не можеме само да се надеваме судовите да ги адресираат напорите на администрацијата на Трамп, да ги маргинализира муслиманите и другите малцинства“.

Врховниот суд се согласи да ги сослуша аргументите, за и против прописите за патување на Трамп, веднаш штом ова прашање помине низ пониските судови.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG