Според соопштението на транзициониот тим, Конвеј ќе ја продолжи нејзината улога на близок советник на Трамп, работејќи со раководството кон реализирање на целите на неговата администрација.
Таа претходно ја одби понудената функција за прес-секретарка на Белата куќа.
Во меѓувреме, Трамп се сретна со директорите на двете големи компании за производство на авиони - Боинг и Локид Мартин, ветувајќи дека ќе ги намали трошоците на мулти-милионските договори што ги потпишала владата.
Трамп претходно се закани дека ќе ја откаже нарачката за новиот претседателски авион – (Air Force One), со образложение дека е прескапа, заради износот од 4 милијарди долари за еден авион.