Линкови за пристапност

Трамп и натаму на „турнеја на изразување благодарност“


Целта се сојузните држави што му помогнаа да победи на изборите.  Денеска новоизбраниот претседател на САД ќе престојува во Флорида, а утре во Алабама

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп ја продолжува, како што на нарече, „турнејата за благодарност“ низ сојузните држави што му помогнаа да победи на изборите.

За време на обраќање во Херши, Пенсилванија, Трамп го критикуваше портпаролот на Белата куќа Џош Ернест, кој за време на брифинзите на новинарите бил скептичен за одредени ставови на идниот претседател на САД.

„Дали Џош Ернест разговара со претседателот Обама?“, рече Трамп, додавајќи дека да се има добар прес-секретар е мошне битно. „Ернест може да пренесе позитивна информација, а истата да звучи многу лошо. Може да каже, дами и господа, денеска целосно го поразивме ИСИС, и повторно да не звучи добро“.

Трамп се очекува наредниве неколку дена да го обелодени неговиот избор за портпарол на Белата куќа.

Тој воедно продолжува да ги пополнува местата во неговиот кабинет, а го обелодени и името на идниот американски амбасадор во Израел, адвокатот Дејвид Фридман.

Конресменот од Монтана, Рајан Зинке, е одбран на функцијата секретар на внатрешни работи.

XS
SM
MD
LG