Линкови за пристапност

Трамп: Бизнисот ќе го водат моите синови


Идниот претседател на САД додаде дека нема да има нови деловни договори додека се наоѓа на функцијата

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп преку Твитер соопшти дека „во скоро време“ ќе одржи прес-конференција за номинираните членови во неговиот кабинет, како и за бизнисот, што го остава во рацете на неговите два сина.

Најавата уследи неколку дена откако Трамп го откажа брифингот за новинарите околу тоа како ќе се тргне настрана од бизнисот за да се фокусира на претседателската функција и да избегне конфликтни интереси. Советник на Трамп изјави дека овие детали ќе бидат познати во јануари.

Во меѓувреме, законодавците во Конгресот ги разгледуваат обвинувањата од страна на американските разузнавачки агенции дека Русија е вмешана во минатомесечните избори, со цел, да ги зголеми шансите на Трамп за победа.

Претседателот Барак Обама нареди целосна евалуација од страна на разузнавачката заедница во врска со наводите.

Според експертите, Русија извршила хакерски напад врз компјутерските системи на Републиканската и Демократската партија и преку Викиликс обелоденила омаловажувачки електронски пораки за демократите.

Трамп ги отфрли обвинувањата, нарекувајќи ги „смешни“.

XS
SM
MD
LG