Линкови за пристапност

Забраната трансродови лица да служат во армијата – атак на Уставот?


Неколку групи за заштита на човековите права најавија правна битка по одлуката на претседателот Трамп

Две организации за заштита на човекови права, поднесоа тужби против забраната на претседателот Доналд Трамп, трансродови лица служат во армијата.

И во двете тужби се наведува дека мерката којашто треба да стапи на сила во јули, ги нарушува правата загарантирани со Уставот на САД.

„Претседателот Трамп ја отфрли ригорозната политика базирана на докази од Директивата за отворено служење, и ја замени со дискредитирани митови и стереотипи, непотврдени шпекулации и со чувства насочени против трансродовите лица“, се вели во тужбата поднесена од Американската унија за граѓански слободи (ACLU).

Во петокот, администрацијата на Трамп упати меморандум до Одделот за одбрана, за спроведување на забраната.

Со новата политика, на Пентагон му се дава можност да отпушти воени службеници врз основа на тоа дали можат да бидат распоредени во воени зони или да учествуваат во други мисии. Исто така се забранува прием на нови трансродови лица во армијата, и се суспендира финансирање на медицински третмани поврзани со промена на полот, на лица кои во моментов служат во армијата.

Трамп во неколку Твитер пораки кажа дека одлуката се заснова на „големите медицински трошоци и нарушувањата кои трансродовите лица ги предизвикуваат во војската“.

Овој потег дојде една година откако поранешниот претседател Барак Обама, најави дека на трансродовите лица ќе им биде дозволено да служат слободно.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG