Линкови за пристапност

Трамп: Авторот на текстот во „Њујорк тајмс“ е закана за демократијата


Повеќето членови на неговиот Кабинет, вклучувајќи го државниот секретар Мајк Помпео, рекоа дека не стојат зад написот

Претседателот на САД Доналд Трамп рече дека кој и да стои зад анонимниот напис во „Њујок тајмс“, а кој го критикува неговото лидерство како неважно и неефективно, претставува закана за демократијата.

Обраќајќи се пред неговите поддржувачи во сојузната држава Монтана, Трамп вчера предложи дека новинарите на весникот треба да откријат кој во администрација зборува лошо за неговото претседателство.

Повеќето членови на неговиот Кабинет, вклучувајќи го државниот секретар Мајк Помпео, рекоа дека не стојат зад текстот во „Њујорк тајмс“.

Весникот рече дека авторот на текстот е висок официјален претставник, чија работа би била загрозена доколку му биде откриен идентит.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG