Линкови за пристапност

Њујоршкото обвинителство бара увид во повратот на данокот на Трамп


Обвинителството на Њујорк со судски налог побара увид во личните и корпоративните даночни пријави на претседателот Доналд Трамп за период од осум години. Налогот е доставен до сметководствената фирма на Трамп со цел да се изврши увид во повратот на данокот.

Канцеларијата на окружниот правобранител на Менхетен, која ја испрати поканата минатиот месец, вчера одби да го коментира барањето.

Обвинителите се посебно заинтересирани за исплати што ги направил личниот адвокат на Трамп, Мајкл Коен, кон порно актерката Сторми Даниелс, откако таа тврдеше дека имала афера со Трамп.

Претседателот ја негираше аферата и било каква злоупотреба.

Коен призна дека ги извршил плаќањата и издржува казна затвор во траење од три години за финансиски прекршувања, затајување данок и други кривични дела.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG